Работник од Кина се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Работник од Кина е тешко повреден откако паднал од дрвена платформа.

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, соопштија денеска од полицијата.

Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори

Фото: архива

Back to top button
Close