Радев: Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина

12Нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во конфликтот во Украина, беше одговорот на бугарскиот претседател Румен Радев на новинарската констатација дека само Унгарија и Бугарија не дале оружје за Украина.

– Како шеф на државата нема да дозволам Бугарија да биде вовлечена во овој конфликт. Бев избран за да ја бранам безбедноста на Бугарите и мирот во Бугарија. Цената на војната ја плаќаат граѓаните, а не телевизиските проповедници – рече Радев, пренесува БГНЕС.

Бугарскиот претседател ја коментираше и одлуката на ЕУ заеднички да купува гас од трети земји, вклучително и Русија.

– Ова прашање беше покренато како предлог од Шпанија минатото лето, но војната дефинитивно ќе ја принуди ЕУ да дејствува многу посолидарно. И ако тоа се случи, тоа ќе биде успех и за бугарската влада – рече тој.

Back to top button
Close