Радев в понеделник ги почнува консултациите со парламентарните партии за новата бугарска Влада

Бугарскиот претседател Румен Радев во понеделник ги почнува консултациите за формирање на новата бугарска Влада и за таа цел во претседателтвото ги покани парламентарните партии кои влегоа во новиот состав на Националното собрание, наведува прес-службата на шефот на државата.

Според дописникот на МИА од Софија, тема на консултациите ќе биде доверувањето на мандатот за формирање на новата бугарска Влада. Политичките консултации ќе почнат во 9 часот утрото, а прва на разговороте ќе биде победничката партија на парламентарните избори ГЕРБ-УДФ, по која ќе следи „Има таков народ“ на Слави Трифонов, трета БСП на Корнелија Нинова и потоа Движењето за права и Слободи.

Во втората половина на денот претседателот Радев ќе ги прими претставниците на „Демократска Бугарија“ и „Стани! Излези! “

Back to top button
Close