Ракиќ ги повика граѓаните на северот на Косово на мир и воздржаност

Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ денеска ги повика сите граѓани на северот на Косово на мир и воздржаност и да дозволат меѓународните сили да се движат во согласност со претходно усвоените меѓународни договори.

Ракиќ преку соопштение им порача на граѓаните да не наседнуваат на провокации и додаде дека на сите им е потребен мир и продолжување на дијалогот за да им се даде простор на преговарачите да дојдат до решение за оваа ситуација преку дијалог, а не со еднострани потези.

„Сакаме уапсените сограѓани да бидат ослободени, бидејќи сите се свесни дека се работи за монтирани обвиненија, но бараме и да се спречи каков било упад на косовската полиција или други единици на северот на Косово и Метохија”, истакна Ракиќ.

Граѓаните на северот на Косово, по апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ, поставија барикади на повеќе локации

Back to top button
Close