Ракометарот Наумче Мојсоски објави дека е позитивен на ковид-19
Ракометарот Наумче Мојсоски, директор на Агенцијата за млади и спорт објави дека е позитивен на ковид-19 на својот профил на Фејсбук.
„Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на ковид-19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.
Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите сѐ да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно“, напиша на Фејсбук легендарниот ракометар.