Рама најави дека Албанија нема да им дава пасоши на етничките Албанци од Македонија кога ќе стане дел од ЕУ

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека Албанија нема да издава пасоши на етничките Албанци во Северна Македонија откако неговата земја ќе се приклучи на ЕУ, за разлика од она што го направи Бугарија.
„Ние не сме земја што може да прави што сака, како сака, кога станува збор за прашања што се однесуваат на внатрешната хармонија на европското семејство. Бугарите го направија тоа откако станаа дел од Европската Унија, бидејќи нивниот пасош стана многу моќен“, изјави Рама.
Зборувајќи за положбата на Албанците во регионот, Рама оценил дека тие денеска се во подобра ситуација отколку во кој било друг период од нивната историја и повика на одржување на овој напредок.






