Раселените Палестинци почнаа да се враќаат на северот на Појасот Газа
Илјадници раселени Палестинци утринава почнаа да се враќаат во северниот дел на Појасот Газа, изјави претставник на Министерството за внатрешни работи на Хамас.
„Раселените Палестинци почнаа да минуваат низ западниот дел на контролниот пункт Нецарим кон градот Газа и северниот дел на Појасот Газа“, изјави за AFP неименуван палестински функционер.
Голем број Палестинци се собраа за време на викендот, чекајќи да поминат низ седум-километарскиот контролен пункт контролиран од Израел, кој го отсекува северниот дел на Појасот Газа од остатокот од територијата.
Израел ги спречи Палестинците да поминат откако Хамас не го ослободија заложникот, а потоа беше постигнат договор