„Распиши победа”, студентите во блокада во Србија бараат избори

Студентите во блокада денеска низ цела Србија ја организираат акцијата „Распиши победа“.

Тие собираат потписи за распишување вонредни парламентарни избори во Србија. Граѓаните можат да ја поддржат иницијативата на речиси 500 штандови, поставени во повеќе од 100 градови и општини.

Според објавените податоци, потписите се собираат во 113 места на вкупно 491 штанд, а локациите и временските термини редовно се ажурираат на официјалната веб-страница на студентската иницијатива.

Студентите од Правен факултет на социјалните мрежи напишаа „Ве чекаме”.

Граѓаните од рано наутро излегоа да дадат поддршка и да се потпишат на барањето.

Извор: skopje1.mk

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close