Расте цената на нафтата по позитивните вести за вакцина против Ковид-19

 Нарачките за септември на нафтата „Брент“ за првпат по 9 март ја надминаа границата од 44 американски долари за барел, се гледа од тргувањата на Интерконтиненталата берза (ИЦЕ) со седиште во Атланта, Џорџија.

Растот на цената на нафата се должи на позитивните резултати од испитувањата за вакцина против Ковид-19 и договорот за стимулација на економијата на ЕУ.

Во 10:05 часот по средноевропско време, цената на нафтата од оваа марка порасна до 44.28 долари за барел или имаше раст од 2.3 проценти.

Сигурен раст, исто така, демонстрира и средно-тексашката лесна нафта (ВТИ) чии септемвриски нарачки пораснаа за 2.17 отсто до 41.8 долари за барел.

Растот на цената на нафтата се должи на позитивните резултати од испитувањата за вакцина против Ковид-19 од компанијата „AstraZeneca“ и лабораторијата на Универзитетот во Оскфорд, и конечно склучениот договор на ЕУ за финанансиски стумул на економијата во еврозоната.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close