Разбиена е терористичка група во Австрија, ја предводел македонски државјанин

Во градот Сент Полтен во Австрија, тамошните власти разбија група осомничена за поврзаност со терористичката организација „Исламска држава“ (ИД), предводена од 20-годишен македонски државјанин.

Австриските медиуми пишуваат дека македонскиот државјанин издржува петгодишна затворска казна, а веќе бил познат на властите по неговите активности и поддршка за ИСИЛ преку неколку графити во близина на главната железничка станица во 2023 година.

„Како резултат на тоа, човекот стана познат како поттикнувач за поддршка на Исламската држава“, изјави Роланд Шерер, шеф на Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот во Австрија.

Овој инцидент покажува дека македонскиот државјанин не само што активно ја поддржувал терористичката група, туку и регрутирал нови членови.

Меѓу приведените е и 15-годишен Австриец со мигрантско потекло, кој бил регрутиран од македонскиот државјанин.

Австриските власти продолжуваат со истрагата

Back to top button
Close