Разговаравме еден час: Ова се барањата што Путин му ги постави на Шолц

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти претходно германската влада.

Германската влада во кусото соопштение соопшти дека Шолц го повикал Путин веднаш да ги прекине сите воени дејствија и да дозволи пристап до хуманитарна помош во областите каде што се водат борбите.

Исто така, беше наведено дека Путин му рекол на Шолц дека преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат во текот на викендот.

Рускиот претседател ги повтори своите барања, односно „демилитаризација“, „деназификација“ на Украина, меѓународно признавање на руската анексија на полуостровот Крим во 2014 година, како и суверенитет на отцепените региони Доњецк и Луганск.

Путин ги истакна руските пристапи, детално ги објасни целите и задачите на специјалната воена операција, која секако ќе биде спроведена. Тој нагласи дека главната опасност доаѓа од „неонацистичките воени формации кои вршат воени злосторства“.

Наведено е дека „украинските неонацисти користат терористички методи ставајќи огнено оружје во населени места“, односно дека како заложници биле земени повеќе од шест илјади странски државјани, главно студенти, кои радикалите ги користат како жив штит.

Се разговарало и за обидите на луѓето да ги напуштат областите под контрола на украинските безбедносни сили, кои со помош на оружје ги потиснуваат радикалите.

Во разговорот со Шолц, Путин потсети дека Западот веќе осум години ги затвора очите пред „геноцидот што го изврши режимот на Киев врз жителите на Донбас“.

Се наведува дека руската армија ги презема сите можни мерки за да ги спаси животите на цивилите. Беше споменато дека подметнувањето информации за наводното тековно гранатирање на големите градови е „огромна пропагандна лага“.

Германскиот канцелар Шолц изрази загриженост поради активните борби и извештаите за жртви. Путин го повика Шолц да влијае на Киев со цел да се обезбеди брзо ослободување и безбедно евакуација на странците.

Back to top button
Close