Ре-Медика ги понуди своите капацитети за помош на настраданите во пожарот во Кочани

Ре-Медика, првата приватна општа болница, соопшти дека ги понудила своите капацитети за помош на настраданите во големиот пожар во Кочани.

-Изразувајќи надлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите, со желба за брзо опоравување на повредените, веднаш, на Министерството за здравство им ги ставивме на располагање нашите капацитети, изјави проф. д-р Александар Митевски, медицински директор на болницата.

Од болницата информираат дека во овој момент таму нема сместени повредени во пожарот

Back to top button
Close