Реал Мадрид ја напушта Евролигата

Реал Мадрид планира да ја напушти кошаркарската Евролига и да се приклучи на НБА Европа.
Информацијата денеска ексклузивно ја објави мадридскиот спортски весник АС, повикувајќи се на клупски извори.
Ништо не е официјално објавено сè уште, но АС пишува дека двете страни се блиску до договор, бидејќи „кралскиот клуб“ е решен да ја прифати понудата од НБА Европа.
„Разговорите со НБА напредуваа, иако договорот сè уште не е потпишан. Дијалогот е во тек и работите се движат кон соработка што ќе ја промени сликата за кошарката“, пишува АС.
Најголемиот ривал на Реал, Барселона, потпиша нов десетгодишен договор со Евролигата, со што се стави крај на шпекулациите за напуштање на елитното натпреварување.






