Реал треба да освои само бод во последните пет кола за да стане шампион на Шпанија

 

Реал Мадрид по поразот од Барселона во натпреварот од 33. коло на Ла Лига против Рајо Ваљекано (0:1) се доближи до освојување на шпанското првенство. За да стане шампион на Шпанија, на мадридскиот клуб му е доволно да освои еден бод во преостанатите пет кола.

Тимот на Карло Анчелоти во последните пет кола од Ла Лига ќе игра против Еспањол, Атлетико Мадрид, Леванте, Кадиз и Бетис.

Реал Мадрид е на првото место со 78 бодови, 15 бодови повеќе од второпласираната Барселона

Back to top button
Close