Речиси три милиони граѓани досега избегале од Украина

Досега околу три милиони лица побегнале од Украина од почетокот воената инвазија на Русија врз оваа земја, на 24 февруари, пресмета Агенцијата на ОН за бегалци.

„Вкупно 2,95 милиони Украинци ги напуштија своите домови, а 1,8 милиони влегоа во Полска. Други отпатуваа во Унгарија, Романија и Словачка“, наведува Агенцијата.

УНХЦР потврди дека од почетокот на конфликтот 73.000 деца од Украина станале бегалци.

Околу 300.000 од овие украински бегалци веќе влегле во Западна Европа.

Back to top button
Close