Референдуми на факултетите во Белград: Мнозинството студенти се за продолжување на блокадите

Во изминатите денови на неколку факултети на Универзитетот во Белград беа одржани референдуми на кои се поставуваше прашањето дали нивните студенти сакаат да се вратат на настава или да продолжат со блокадата – резултатите досега се убедливо во прилог на останување во блокадите додека не се исполнат барањата.

На Електротехничкиот факултет, на референдумот учествуваа 1.853 студенти, а 84 проценти беа за продолжување на блокадата.

На Факултетот за организациски науки гласаа 2.500 студенти, од кои 87 проценти беа за блокадата.

На Градежниот факултет, на референдумот учествуваа 1.130 студенти, 72 проценти гласаа за продолжување на борбата.

На Рударско-геолошкиот факултет гласаа 454 студенти, а 72 проценти беа исто така за блокадата.

Најголемо единство владее на Математичкиот факултет, каде што на референдумот учествуваа 815 студенти, а повеќе од 90 проценти гласаа за продолжување на блокадата додека не се исполнат барањата.

„Дали сега разбирате дека нема да се откажеме“, напишаа студентите од ЕТФ на својата официјална сметка со објавените резултати.  Тие објаснија и зошто не ја изразуваат излезноста во проценти: „Бидејќи точниот број на студенти не е познат, меѓу нив има активни, неактивни, студенти од додипломски/магистерски/докторски студии..

Back to top button
Close