Рекордна 11. титула за МЗТ Скопје Аеродром во Купот на Македонија

МЗТ Скопје Аеродром стана најтрофеен клуб во Купот на Македонија, откако вечерва во СРЦ „Кале“ во финалето го совлада Феникс со 89:73.

За „сино-белите“ од Аеродром ова е 11. трофеј во националниот куп, оставајќи го зад себе, лутиот ривал Работнички со 10 трофеи.

Феникс и покрај тоа што остана без трофеј, а важеше за аутсајдер пред финалето, одигра извонредно и му пружи достоен отпор на големиот противник.

Страхиња Мичовиќ со 20 и Војдан Стојановски со 16 поени беа најефикасни во победничкиот состав.

Кај Феникс се истакнаа Бојан Трајковски со 22 и Ивица Димчевски со 21.

За МВП на турнирот е прогласен Војдан Стојановски.

Во предигра на машкото финале, женскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром го победи Баскет Кам и за прв пат во својата историја го освои вредниот трофеј

Back to top button
Close