Рекордни 38 поени на Букер сезонава за триумф на Феникс против Атланта

Кошаркарот на Феникс санс, Девин Букер, ноќеска го предводеше својот тим до победа над Атланта (121:117).

Букер постигна рекордни 38 поени за него оваа сезона. За 34 минути игра тој реализираше 14 од 21 удари од поле, а исто така забележа шест скока и четири асистенции.

Феникс со биланс пет победи и три порази е на четвртото место во Западната конференција.

На другите натпревари во НБА-лигата одиграни ноќта сабота кон недела постигнати се следниве резултати:
Мајами – Јута 118:115
Чикаго – Филаделфија 105:114
Далас – Бостон 107:104
Портланд – Лос Анџелес лејкерс 105:90.

Back to top button
Close