Рекордни 43 поени за Џејмс сезонава во НБА-лигата

Екипата на Лос Анџелес лејкерс, предводена од извонредниот Леброн Џејмс, рано утрово го совлада тимот на Портланд со 139:106.

На натпреварот одигран во Лос Анџелес, најефикасен кошаркар беше Џејмс со 43 поени и 14 скока. Така, 37-годишниот Американец постави личен рекорд во тековната сезона во НБА-лигата.

Исто така, Леброн ја зголеми својата серија на натпревари во кои постигна 30+ поени на седум натпревари.

По овој триумф, Лејкерс со биланс (18-19 победи-порази) се наоѓаат на 8. место во Западната конференција

Back to top button
Close