Рекордни врнежи од дожд во американскиот Среден Запад, поплави на стотици локации
Американските држави Кентаки, Илиноис, Индијана, Ајова, Тенеси и Охајо се соочуваат со најголемо дневно количество на врнежи од дожд што е некогаш забележано во тие области, што предизвика поплави на стотици локации.

Повеќе од 36 милиони луѓе се под предупредувања за поплави, соопштија локалните власти.
Гувернерот на Индијана, Мајк Браун, прогласи вонредна состојба бидејќи 250.000 луѓе во неговата држава и Илиноис останаа без електрична енергија поради бурата, јави Си-Би-Ес.
Од понеделникот досега има во Охајо 277 инциденти со поплавување, откако бури и торнада го погодија регионот, а локалните власти прогласија вонредни состојби во седум области поради поплави. Официјалните лица изјавија дека се пријавени најмалку три смртни случаи поради лошите временски услови, вклучувајќи два во Охајо и еден во Индијана. Во Кембриџ Сити, Индијана, луѓето беа евакуирани од своите домови со чамци откако водата ги поплави градските улици и стигна до покривите во некои делови од градот.
Метеоролозите предупредија дека најлошото можеби не е завршено за некои жители на Средниот Запад на САД, бидејќи водостојот на реките е се поголем и таквите нивоа на водата би можеле да соборат рекорди во некои области






