Релиќ со сребрен медал и нови 6 поени на олимписката ранг листа

Нашата таеквондо натпреварувачка Милијана Релиќ, викендов, освои сребрен медал и нови 6 поени на олимписката ранг листа на Г-1 Опен натпревар во Тирана, Албанија.

Мила, поради добрата позиција на ранг листата, беше слободна во првото коло. Во второто кола ја совлада гркинката Теопула Сарванаки, светска вице-шампионка во 2022 од Мексико. Мила ја совлада Сарванаки во тесна борба со 2:1 во рунди.

Во полуфиналето, Мила се бореше со шпанката Елза Чарлс Секанел, која ја победи со 2:0 во рунди, иако шпанката Секанел зема многу поени и во двете рунди беше во водство. Но, поради извонредната кондициска форма, Мила цело време ја напаѓаше Секанел и со по 5 казнени поени, шпанката ги загуби двете рунди.

Во финалната борба Мила беше поразена од Дора Мештровиќ од Хрватска со 0:2 во рунди.

Според Александар Ефтимов, тренер на Релиќ, ова е извонредна форма пред светското првенство во Кина, кога на крајот на месецот ќе атакуваат на медал.

Back to top button
Close