Ретка изложба на Коко Шанел во музејот „Викторија и Алберт“ во Лондон

Изложбата на Шанел на музејот „Викторија и Алберт“ (V&A) во Лондон, посветена на животот и делото на Габриел „Коко“ Шанел, доживеа огромен успех, а билетите се распродадоа речиси веднаш штом беа пуштени во продажба.

“Габриел Шанел. Моден манифест” е прва изложба во Обединетото Кралство од ваков вид која ја прикажува еволуцијата на нејзините дизајни и основањето на куќата Шанел – од отворањето на нејзиниот прв бутик во Париз во 1910 година до нејзината последна колекција во 1971 година.

Изложбата беше толку популарна што неодамна беше најавено нејзино продолжување. Претходно планирано да заврши на 25 февруари 2024 година,  сега ќе биде достапна за посета до 10 март 2024 година.

Што значи “Габриел Шанел. Моден манифест”?

Изложбата содржи повеќе од 200 дела на француската котур дизајнерка за прв пат сите тие се прикажани заедно – комплет со накит, додатоци, козметика и парфеми.

Инсталацијата, исто така, содржи ретко видени парчиња од колекцијата во сопственост на V&A, заедно со архивските парчиња од колекциите дел од наследството на Шанел – вклучувајќи облека што ја носеле холивудските ѕвезди како Лорен Бакал и Марлен Дитрих.

„Како една од најуспешните модни куќи што постојат, Шанел им должи многу на шаблоните што првпат ги постави нејзината основачка Габриел Шанел пред повеќе од еден век“ рече Тристрам Хант, директор на V&A на отворањето на изложбата.

„Среќни сме што соработуваме со Шанел и Палатата Галиера на оваа изложба, која ни даде можност да ги истражиме потеклото и елементите на овој траен стил и да ги прикажеме малку познатите историски облеки на Шанел од колекцијата V&A“.

Кои познати дизајни се вклучени во изложбата?

Габриел Шанел го отвори патот за нов револуционерен вид на женственост , чие наследство продолжува да инспирира и да влијае на начинот на кој се облекуваме денес

Создавајќи облека што таа самата сакаше да ја носи, таа ги предвиди желбите и потребите на модерната, независна жена од 20 век – видена преку нејзиниот, сега веќе иконичен стил, на твид јакни и кроени панталони.

Шанел го посветила својот живот на создавање, усовршување и промовирање на нов тип на женска елеганција, втемелена во реалноста на животот на жените. Изложбата нагласува како Шанел ги преиспитува и деконструира модните конвенции и ги трансформира женските костуми.

Ова беше нејзиниот моден манифест: стил на дизајн заснован на принципи на удобност, рационализирана едноставност и леснотија на движење.

Изложбата е поделена на 10 тематски делови, истражувајќи го иновативниот пристап на Шанел кон ткаенината, силуетата и конструкцијата на телото.

Изложени се многу добро познати парчиња, од познатиот мал црн фустан, чантата 2.55 и добро познатиот костум од твид, до двобојните потпетици и иконскиот деби парфем на Шанел, N° 5 .

Габриел Шанел смело ја редефинираше модерната женска облека“, рече Бруно Павловски, моден претседател на Шанел. „Почестени сме и одушевени што V&A, таков светски водечки музеј и одлична институција, ја организира првата ретроспектива на нејзината работа во Велика Британија. Преку прикажување на нејзиниот придонес во историјата на модата, како и неверојатната релевантност и трајност на стилот Шанел , оваа изложба ќе истакне еден од најголемите визионери на нашето време“.

 

Дали “Габриел Шанел. Моден манифест” го покрива личниот живот на дизајнерката?

Изложбата е богата со биографски детали, вклучувајќи ги активностите на Шанел за време на Втората светска војна – неодамна беше откриено дека таа им помагала на сојузниците за време на војната – и нејзината врска со Хју Гросвенор, тогашниот војвода од Вестминстер.

Има и неколку лични момрнти од коресподенција со други познати лица, вклучувајќи ја и покојната кралица Елизабета Втора: писмо на изложбата, од неа до Фредерик „Бој“ Браунинг, во кое му се заблагодарува за подарокот на парфемот Шанел.

„Како и обично, го откривте токму она што јас особено го сакав“, пишува таа, „и навистина сакам да ви се заблагодарам за роденденскиот подарок со парфем Шанел“.

Back to top button
Close