Ри Сон Гвон: Северна Кореја не размислува за можноста од контакти со САД

Северна Кореја не размислува за каков било контакт со САД, изјави денеска шефот на дипломатијата, Ри Сон Гвон.

-Ние дури не ја разгледуваме ни можноста за каков било контакт со САД, а не пак да имаме, што не би не водело никаде, туку само би ни одземало драгоцено време, рече Ри, а изјавата ја пренесе државната агенција КЦНА.

Министерот коментарот го даде откако новиот американски претставник за Северна Кореја во понеделникот во Сеул кажа дека со нетрпение „наскоро очекува позитивен одговор“ од Пјонгјанг за дијалог.

Програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја со години е несовладлив проблем за Вашингтон, а обидувајќи се тоа да го промени, администрацијата на претседателот Џо Бајден спроведе ревизија на политиката и соопшти дека ќе бара „соодветни и практични“ начини да го убеди Пјонгјанг на денуклеаризација.

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, вчера изјави дека САД ги толкуваат сигналите на Северна Кореја „на погрешен начин“.

Back to top button
Close