Рикирдо ќе стартува последен на турското Гран при поради промена на моторот

 Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо доби казна поради замена на моторот, објави новинарот „Крис Медланд“.

Австралиецот, кој заврши на 16. место во квалификациите за Гран при на Турција, ќе стартува од последниот во трката поради промена на моторот. Рикардо ќе биде зад возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој исто така е казнет за замена на електрониката, но Шпанецот беше побрз од возачот на Мекларен во квалификациите па ќе биде едно место понапред.

Трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Турција ќе се вози попладнево во Истанбул со почеток во 14 часот

Back to top button
Close