Ришак: Хамас е подготвен за израелската копнена инвазија


Военото крило на Хамас, Бригадите ал Касам соопшти дека по копнената инвазија се судрија со израелските војници во Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека „жестоки судири“ се случуваат во близина на Беит Ханун во северниот дел на Појасот Газа и Буреиј во центарот на енклавата.

Претходно, висок член на политичката канцеларија на Хамас, Езат ал Ришак изјави дека групата е подготвена за израелска копнена инвазија.

– Ако Нетанјаху одлучи вечерва да влезе во Газа, отпорот е подготвен, објави Ришак ма на Телеграм.

Претходно, Бригадите Ал Касам соопштија дека интензивно ги бомбардираат израелските градови Сдерот. Ашдод и Ашкелон.

Во знак на солидарност поради интензивираните израелски напади врз Појасот Газа и најавата за копнена операција, илјадници Палестинци вечерва излегоа на улиците во Рамалах, Наблус и други градови во окупираниот Западен Брег

Back to top button
Close