Ристовски: Натпреварот против Романија за нас е цреша на тортата на ова ЕП

Македонскиот министер за спорт Борко Ристовски изјави дека вечерашнито дуел против Романија треба да биде цреша на тортата на ова Европско првенство.
„Пред почетокот на Европското првенство сите посакувавме натпреварот против Романија за нас да биде цреша на тортата и со победа да го завршиме нашиот дел од работата, а потоа да чекаме од репрезентацијата на Данска, изјави министерот за спорт и поранешен долгогодишен голман на националниот тим.
Ристовски посочи дека избраниците на селекторот Кирил Лазаров треба мудро да влезат во дуелот со Романците.
„Не сум прогнозер и не можам да го прогнозирам конечниот исход. Најпрво да победиме а потоа да бркаме гол-разлика. Попаметно е да одиме по чекор, на полувреме да сме со позитива од три голови, за во второто полувреме да додаваме гас за на крајот да победиме со шест, седум или осум голови разлика“, додаде Ристовски.






