Ристовски: Победата над Германија да ни биде водилка за следните предизвици

 Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски очекува победата над Германија да биде дополнителен мотив за успешни резултати и во следниот период.

– Како поминува времето, така сфаќаш каков успех си направил. Победивме гигант, светски шампион, земја која има врвни клубови. Ова е голем успех за Македонија. Овој резултат треба да ни биде водилка за понатаму, не смееме тука да застанеме. За овие натпревари се живее. Ретко се добива шанса да се игра против Германија. Во интервјуата што ги давав во последно време нагласувам дека жалосно би било квалитетот и талентот што го поседуваме да не го покажеме на терен. Се надевам дека оваа победа ќе не „држи“ уште многу време, изјави попладнево Ристовски.

По три кола во Ј-групата во квалификациите за Светското првенство 2022, „црвено-жолтите“ се на второто место со шест од можни девет бода.

Back to top button
Close