Роденденски подарок од Баерн Минхен за Мусала, нов договор и повисока плата

Склучување нов договор со важност до 2026 година и годишна плата од пет милиони евра, му предложи денеска европскиот првак Баерн Минхен на својот млад играч за врска Џамал Мусала, по повод неговиот 18-ти роденден, објави весникот „Билд“.

Мусала во вторникот стана најмлад стрелец на Баерн во Лигата на шампиони, постигнувајќи гол во триумфот на „баварците‘ од 4:1 над Лацио во Рим, во првиот натпревар од осминафиналето во елитното клупско натпреварување.

Ден подоцна, Мусала обзнани дека репрезентативната кариера ќе ја гради во дресот на Германија, одбирајќи ја својата родна земја пред Англија, каде ја започна фудбалската кариера како член на Челзи.

Сезонава Мусала има одиграно 25 натпревари и постигна четири голови, во дресот на актуелниот европски и светски првак во сите натпеварувања.

Back to top button
Close