„Родителите дознале од сосед дека детето во Тетово паднало од тераса“, СВР Тетово со детали за трагедијата

Десетгодишно момче од Тетово го загуби животот по пад од тераса во станот во кој живеело, информираат од СВР Тетово.

Според полициските информации, денеска во 09:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Клиничката болница во Тетово било донесено дете без знаци на живот. Станува збор за 10-годишно момче од Тетово.

Според првичните сознанија, детето, кое имало здравствени проблеми, паднало од терасата на станот. За настанот родителите биле известени од сосед, по што веднаш го однеле детето во болница. Лекар констатирал смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на обдукција. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Back to top button
Close