Родителите на загинатите се најгневни на газдата Деко, го нарекуваат монструм и парољубец (ФОТО)
Во судницата во Идризово денеска почна судењето за пожарот што се случи на 16 март годинава и во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени.

Судијката Диана Груевска-Илиевска, која ќе претседава со Судечкиот совет, ќе ја има една од најтешките задачи – да ја увери јавноста дека судењето кое, во секој случај, ќе биде траорно, мачно и долго, ќе биде правично и транспарентно. Судот ќе биде прв на тест на јавноста дали ќе ја премине линијата меѓу утврдување на вистинската одговорност наспроти „жедта за крв“, односно дали ќе донесе аргументирана судска одлука што ќе одговори на очекувањата и на јавноста и на правната фела.
Родители и блиски на загинатите во кочанската трагедија уште рано утрово се пред судницата во најголемиот затвор во Идризово, чекаат да почне едно од најголемите судења.
AQNGSI8hoFl5mi7rFmW-nwrVzHKgpevJ
Родителите на загинатите се најгневни на сопственикот на дискотеката Дејан Јованов -Деко и неговиот син. Јованов беше донесен од притвор од Куманово, а родителите го нарекуваат монструм и парољубец.
На судењето се присутни повеќе од 50 родители на загинатите во пожарот и 30-ина домашни медиуми. Акредитирани се и странски медиуми како БМТ, ТРТ, Франспрес, Ројтерс, Асошиејтед прес, Андалузија и други. (Извор news24, водео: 4news)






