Роналдо сака да го донесе Пепе во Ал Наср

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо сака во својот нов клуб Ал Наср да го донесе сонародникот и поранешен соиграч од Реал Мадрид, Пепе.

Како што објави шпанскиот весник „Марка“, намерата на Роналдо е саудискиот клуб да биде опкружен со некои од своите пријатели, меѓу кои е и Пепе.

Шпанскиот весник додава дека Роналдо за овој трансфер веќе разговарал со раководството на Ал Наср.

Пепе идниот месец ќе го прослави својот 40. Роденден, но на неодамнешното Светско првенство покажа дека и натаму е способен да игра врвен фудбал.

Back to top button
Close