Росоклија вели грантот беше легален и етички. Професорот ми вршеше притисок и се откажав од сторијата се пожали новинарката Точи

Професорот Росоклија, специјалист по неврологија, невропатологија и психијатрија, кој дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје и долго време работи на Универзитетот Колумбија во Њујорк, одбил да учествува со линк во живо на вечерашната Топ тема на тв Телма на таа тема со проф.др Алексеј Дума кој учествувал во проектот. Росоклија се оправдал дека е многу зафатен и им дал куса изјава која беше објавена вечерва во емисијата. Тој тврди дека тоа било грант односно проект исклучиво за истражувачка дејност.
Грантот бил потпишан во 1996 година помеѓу Универзитетот Колумбија и македонските медицински експерти, како и со Институтот за судска медицина, Институтот за патологија и Психијатриската клиника.
Росоклија истакнува дека сите активности биле целосно етички и легални: „Тој грант како и сите други грантови со Макелонија (мислам б или 7) ги имаат сите согласности ол етичките комитети на Медицинскиот факултет, после 2006 кога станав акалемик и на етичкиот комитет на МАНУ како и на Колумбија, и за секое ткиво кое е користено има писмен консент од семејството за интервју и за користење на ткивото.“ стои во неговиот одговор за Телма ТВ.
Според професорот, грантот бил исклучиво наменет за научни истражувања и развој, без какви било други активности или финансиски злоупотреби.
Долгогодишната новинарка Менче Точи вечерва во Топ тема кажа дека таа одамна дознала за овој проект и започнала да истражува. Кога дојдов до името на професорот Росоклија како носител на проектот стапив во контакт со него но тој несакаше да зборува,Проектот бил завршен и немало зошто да се занимава јавноста со тоа и рекол професорот на Точи. Таа потенцираше дека Росоклија во неколку наврати вршел притисок тоа да не се објавува.
Работев на тој случај веќе имав околу 4 страни текст но заради притисоците дигнав раце и не ја продолжив сторијата кажа новинарката која со години важеше за одличен познавач на здравството во државава а од неодамна е во пензија,






