РСЕ: Тетовска фирма на вработен во Министерството за транспорт изработува ДУП-ови

Тетовска фирма чиј сопственик е помошник раководител во Министерството за транспорт редовно добива тендери за изработка на ДУП-ови во неколку општини. Од Министерството немаат коментар, иако тие издале лиценца за работење на неговата фирма. Антикорупциска отвори предмет по доставените прашања од РСЕ

Тетово е град кој од 2003 година нема донесено Генерален урбанистички план. Се смениле многу градоначалници и власти но никој не успеа да го среди хаосот со дивоградбите. Сегашниот градоначалник Биљал Касами најави дека до крајот на 2026 година ќе го реши овој проблем.

Во меѓувреме, општината изработува детални урбанистички планови за делови од Тетово и околината. Една од фирмите која ја ангажира преку јавни огласи е фирмата Проинженеринг.

Во 2022 и во 2024 година оваа фирма добила два тендера за да проектира детални урбанистички планови во Тетово.

Целиот текст на РСЕ

Back to top button
Close