Рубио: Конфликтот во Украина е посредна војна меѓу САД и Русија, па затоа мора да заврши

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека конфликтот во Украина станал посредна војна меѓу САД и Русија и дека ќе биде неопходно да се најде начин да се стави крај.

„Претседателот Трамп верува дека ова е долготраен конфликт кој дошол во ќорсокак, и искрено, тоа е посредна војна меѓу нуклеарните сили: САД, кои и помагаат на Украина, и Русија“, изјави Рубио за Фокс њуз, објави на сајтот Стејт департментот.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно ги „саботирал“ напорите на Трамп да преговара за крај на конфликтот и нагласи дека мирот ќе бара отстапки од двете страни.

„Украинците треба да бидат таму, Русите треба да бидат на маса. Треба да ги собереме“, рече Рубио.

Тој, исто така, го предупреди Хамас сериозно да ги сфати заканите на Трамп во врска со заложниците во Газа.

Back to top button
Close