Рудигер се извини за своето однесување во поразот од Барселона

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, се извини за своето однесување на крајот од синоќешниот натпреварот против Барселона во финалето на Купот на кралот.

Германецот, кој веќе беше заменет, доби црвен картон откако фрли кесички мраз кон судијата Рикардо де Бургос, а неговите соиграчи од клупата го спречија физички да се пресмета со арбитерот.

Рудигер реагираше незадоволен од одлуката на судијата да го запре ветувачки напад на Реал во самиот финиш, кога Барселона водеше со 3-2. Со овој резултат натпреварот заврши, а каталонскиот клуб на крајот ја освои својата 32 титула во Кралскиот куп.

„Нема оправдување за моето однесување синоќа. Многу ми е жал за тоа“, објави Рудигер на социјалните мрежи.

„Мислам дека одигравме многу добар натпревар, особено во второто полувреме. По 111-тата минута повеќе немав можност да им помогнам на соиграчите и пред последниот свиреж направив грешка. Се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа“, додаде Рудигер.

Шпанските медиуми наведуваат дека Рудигер го очекува казна од четири до 12 натпревари

Back to top button
Close