Русија бара од Албанија екстрадиција на криминалниот бос Кокунов

Во северниот албански град Скадар под многу строги безбедносни мерки се одржа судско рочиште против Русинот Игор Кокунов, познато лице од криминалот, кој беше уапсен во август на преминот Муриќан, на албанско-црногорската граница, јави Топ чанел.

Адвокатот на Кокунов, Исуф Шеху, го оспорил документот за екстрадиција, бидејќи бил потпишан од заменикот главниот обвинител на Русија, а не од главниот обвинител или министерот за правда на Русија, а тоа, според него е во спротивност со Меѓународната конвенција.

-Мојот клиент Кокунов има само едно кривично дело, со кое е осомничен дека е водач на криминална група, одредба која не е признаета од албанските закони. Побаравме азил за него во Албанија, се надеваме на позитивен одговор, бидејќи Русија е небезбедна земја која ги крши човековите права, рекол адвокатот, по што закажано е ново судско рочиште за 7 идниот месец.

Кокунов, познат и како „Васја бандит“, на првото рочиште, во почетокот на септември, признал дека има проблеми со правдата во Москва, но „криминалните процеси биле поттикнати од лошиот однос на диктаторскиот режим на претседателот Владимир Путин кон него“.

-Неговото апсење беше извршено со цел да биде екстрадиран во Москва, бидејќи 59-годишникот беше баран со меѓународна потерница. Тој се смета за многу важна личност од светот на криминалот во Русија и во Србија. Криминалниот бос Игор Кокунов, на 22 февруари 2022 година избегал од „куќен притвор“ во очекување на судењето. Тој е обвинет за тешки кривични дела за кои е предвидена казна затвор од над 15 години, наведуваат медиумите.

Back to top button
Close