Русија ќе ја обжали суспензијата од ФИФА и УЕФА

Руската фудбалска федерација соопшти денеска дека ќе поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана, откако националниот тим беше исфрлен од претстојниот мундијалски бараж, како и од сите други меѓународни натпреварувања.

Руската фудбалска репрезентација требаше на домашен терен на 24 март да ја пречека Полска во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот во Катар.

ФИФА и УЕФА на 28 февруари донесоа одлука за суспензија на руските репрезентации и клубови, како одговор на инвазијата на Украина.

Back to top button
Close