Русија ги отфрла тврдењата на британските власти дека се обидува да ја собори украинската Влада

epa09684642 Russian Foreign Ministry spokeswoman Maria Zakharova during a annual news conference of Russian Foreign Minister Sergei Lavrov in Moscow, Russia, 14 January 2022. Sergei Lavrov gave a ?press conference on the results of Russian diplomacy in 2021. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

 

Руското Министерство за надворешни работи денеска ги отфрли тврдењата на Велика Британија дека Русија се обидува да ја замени украинската влада со промосковска администрација и оти размислува за поранешниот украински пратеник Евгениј Мураев како потенцијален кандидат.

– Дезинформациите објавени од британското Министерство за надворешни работи се доказ дека членките на НАТО кои се предводени од англосаксонците се тие кои ги зголемуваат тензиите околу Украина. Го повикуваме британското Министерство да престане со провокативните активности и да престане да шири бесмислици, изјави портпаролката на руското Министерство Марија Захарова на Телеграм.

Министерството за надворешни работи на Велика Британија наброја уште неколку украински политичари за кои се наведува дека се поврзани со руските разузнавачки служби, заедно со Мураев, лидерот на малата проруска партија Наши, која во моментов нема пратеници во украинскиот Парламент.

Британската влада го изнесе тврдењето врз основа на разузнавачка проценка, без да обезбеди докази за да го поддржи тоа.

Овие обвинувања доаѓаат во време на затегнати односи меѓу Русија и западните земји поради распоредување руски војници на украинската граница и можна инвазија.

Западот ја обвинува Русија дека распоредила десетици илјади војници на границата со Украина со намера да изврши напад врз земјата.

Кремљ негира какви било воени намери, но смирувањето на ситуацијата го условува со договори кои ќе гарантираат непроширување на НАТО, особено кон Украина, и повлекување на Алијансата од Источна Европа.

Западот вели дека тоа е неприфатливо и ѝ се заканува на Русија со тешки санкции доколку ја нападне Украина.

Back to top button
Close