Русија го ограничи и пристапот до Твитер

По Фејсбук, Русија го ограничи и пристапот до социјалната мрежа Твитер, објавија руските медиуми.

Според руското регулаторно тело за комуникации, Роскомнадзор, пристапот до таа социјална мрежа е ограничен на барање на Обвинителството.

Претходно Роскомнадзор соопшти дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук, на компанијата Мета, како одговор на ограничувањата за пристап до руските медиуми на оваа платформа

Back to top button
Close