Русија најде замена за БиХ, ќе одигра пријателски натпревар со Узбекистан

epa09438796 Head coach of the Russian national soccer team, Valeri Karpin (C), speaks to his players during a training session in Moscow, Russia, 31 August 2021. Russia will face Croatia in the FIFA World Cup 2022 Group H qualifying soccer match on 01 September 2021. EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Руската репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против селекцијата на Узбекистан, објавено е на официјалниот сајт на Рускиот фудбалски сојуз (РФУ).

Репрезентациите на Русија и Узбекистан за првпат ќе играат меѓу себе.

Натпреварот ќе се одигра на 20 ноември во Ташкент на централниот стадион „Пахтакор“.

Така, Руисте си најдоа партнер за пријателски натпревар по откажувањето на Босна и Херцеговина да игра со нив на 19 ноември.

Рускиот тим во ноември ќе одигра два пријателски натпревари. На 17 ноември, избраниците на селекторот Валери Карпин ќе се сретнат со селекцијата на Таџикистан во Душанбе.

Да потсетиме, руската репрезентација, како и клубовите од оваа земја се суспендирани во натпреварувања под покровителство на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Back to top button
Close