Русија почна со вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје во близина на Украина

Руската војска денеска соопшти дека во близина на Украина почнала вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје, кои ги наредил претседателот Владимир Путин на почетокот на мај, нагласувајќи дека тоа е одговор на западните „закани“.„Започна првата фаза од вежбите за подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана.

 

Во оваа фаза, руските војници вежбаат полнење „специјална муниција“ во батериите на ракетите „Искандер“, како и нивно „прикриено“ поместување во зоите на гаѓање.

Back to top button
Close