Русија подготвува „провокација“ за да го оправда распоредувањето на белоруски сили долж границата со Украина

Русија подготува намерна „провокација“ за да го оправда распоредувањето белоруски сили долж границата со Украина на потегот Пинск-Иванава-Дрогочин, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина, повикувајќи се на податоци од Главната разузнавачка агенција.

Според достапните разузнавачки податоци, во моментов има околу 300 белоруски тенкови во близина на белоруско-украинската граница.

– Конвојот сè уште не ја поминал границата и се чека да се упати на рутата Пинск-Иванава-Дрогочин, на околу 30 километри од граница со Украина, се вели во извештајот

Back to top button
Close