Русија прогласи двајца бугарски дипломати за персона нон грата

– Амбасадорот на Република Бугарија во Москва, Атанас Крастин, е повикан во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде му е соопштено дека двајца дипломати од бугарската Амбасада се прогласени за персона нон грата,  соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, причина за ваквата постапка на руските власти е прогласувањето на двајца дипломати од руската Амбасада во Софија за персона нон грата за дејствијата што се некомпатибилни со Виенската конвенција.

Како што пренесе дописникот на МИА од Софија, во средината на март бугарското Јавно обвинителство соопшти дека открило група од шест граѓани кои работеле во Министерството за одбрана и парламентот, а кои шпионирале за Русија, додека нивниот лидер бил во контакт со двајца руски дипломати од Амбасадата во Софија, за што беа прогласени за „персона нон грата“.

Back to top button
Close