Русија регрутирала шпиони од Србија за инциденти во Париз и Берлин


Судски пресуди во Србија покажуваат дека група српски државјани предизвикувале немири во Франција и Германија по налог на руските служби, објави Радио Слободна Европа (РСЕ) врз основа на пресудите до кои имал пристап. Како што е наведено, документите покажуваат дека тројца осудени за шпионажа и поттикнување расна дискриминација склучиле договор за признавање на вина со Високиот суд во Смедерево.

Според пресудите доставени до РСЕ, се наведува дека дејствијата биле насочени кон еврејските и муслиманските верски заедници, со цел да се зголемат тензиите во Германија и Франција, а наредбите и парите на групата биле дадени од „структури на разузнавачките служби на Русија“.

Во текстот се наведува дека властите во Белград не ја именувале руската служба како организатор на низа расистички акции во Париз и Берлин, во кои учествувале српски државјани во пролетта и летото 2025 година, но судските документи го покажуваат тоа.

Како што е наведено, РСЕ добила увид во пресуди против тројца државјани на Србија, кои биле уапсени заедно со уште осум осомничени од Србија кон крајот на септември 2025 година.

Back to top button
Close