Русија тестира вакцини против рак


Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина „Ентеромикс“. За истражувањето се пријавени 48 волонтери, а досега се регистрирани минимални несакани ефекти од вакцината.

Како што соопшти руската новинска агенција ТАСС, во Русија веќе се развиваат неколку онковакцини, меѓу кои е и „Ентеромикс “ – онколитичка вакцина, на која работат експерти за радиологија од Министерството за здравство во соработка со Институтот за молекуларна биологија „Енгелхарт“ при Руската академија на науките.

Исто така, се развива персонализирана mRNA вакцина, проект на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Back to top button
Close