Русија тврди дека спречила напад на југот на земјата
Руската служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека уапсила тројца „граѓани на централноазиска земја“ кои планирале бомбашки напад на југот на Русија.
ФСБ соопшти дека ги спречила „активностите на тројца државјани на централноазиска земја кои планирале да извршат терористички напад со активирање експлозивна направа на јавно место во областа Ставропол“.
Тоа се случи една недела по нападот во концертна сала во близина на Москва, каде што беа убиени најмалку 144 луѓе. Одговорноста за нападот ја презеде џихадистичката група Исламска држава.