Русите го зазедоа Херсон?

Градоначалникот на Херсон и украински функционер вчерва потврдиле дека украинскиот град Херсон го заезеле руските сили, пишува вечерва New York Times.

Ако се потврди ова и официјално, ова ќе биде првиот голем град и многу битен стратешки град којшто од  почетокот на инвазијата го зазеле Русите.

Градоначалникот на Херсон на Фејсбук статус сугерирал дека градот е под контрола на Русите. Како што пренесува Би Би Си, тој напишал дека денеска во кабинетот на градската власт биле вооружени посетители, мислејќи на руски војници и им кажал дека во градот нема украински војници туку само цивили кои сакаат да живеат во градот.

Според неговиот статус, руските сили вовеле полициски час од 20 до 6 наутро, но дека на возилата со храна и лекови ќе им биде допуштен влез во градот.

Напишал дека автомобилите во градот мораат да се возат со минимална брзинаи дека на пешаците им е забрането движење во групи поголеми од две лица.

-Засега е така како што е. Украинското знаме е се уште над нас. И за да остане така, мораме да ги почитуваме барањата, напишал тој.

Back to top button
Close