Руски мајки почнаа да се караат со гувернер: Кога ќе ни ги вратите децата од Украина (ВИДЕО)

Украинските власти објавија неколку интервјуа со заробени руски војници, а Министерството за одбрана апелираше до руските мајки да дојдат да си ги земат децата од Киев.

На видео-снимка која се појави кога гувернерот на регионот Кузбас, Сергеј Цивиљев беше нападнат од една мајка додека им објаснуваше што се случува во Украина.

„Сите бевме измамени. Таму ги испраќаат како топовско месо. Тие се млади, не беа подготвени за ваков нешто. Кога ќе ни ги вратите децата?“, прашува една од мајките.

Цивиљев се обиде да им објасни и да се извлече од непријатната ситуација и да ја оправда воената операција во Украина, меѓутоа мајките почнаа да негодуваат во салата.

 

Back to top button
Close