Руски ракетни напади врз Николаев, делови од градот без струја  

Руските трупи рано изутринава со оган од повеќецевни фрлачи го ракетирале јужниот украински град Николаев.

Гранатирањето почнало околу 5 часот изутринава по локално време, објавуваат агенциите пренесувајќи информации на локалниот медиум „Њуз-Н“

Населението на Николаев јавува дека експлозии се слушаат во сите делови на градот и наводно огнот доаѓа од две насоки истовремено. На социјалните мрежи граѓаните објавуваат дека во одредени делови на градот нема електрична енергија.

Градоначалникот на Николаев, Олександр Сенкевич, потврдува дека руските сили утрово го бомбардирале градот, притоа објавувајќи на својот фејсбук-профил дека руските сили гаѓале станбени згради споделувајќи снимка на зграда во пламен.

“Во градот има многу неексплодирани гранати. Не приближувајте се, не допирајте ги и не обидувајте се да ги поместувате“, предупредува Сенкевич

 

 

Back to top button
Close