Руските сили се повлекоа од околината на Чернобил

Руските сили го напуштиле градот што се наоѓа во околината на нуклеарната централа Чернобил по протестите на жителите.

Ројтерс, повикувајќи се на видеоизјавата на градоначалникот на Славутич, Јуриј Фомичев, утрово објави дека војниците ја завршиле работата „која ја наумиле“ и го напуштиле градот.

Руските сили во саботата ја презедоа контролата врз Славутич и накратко го приведоа градоначалникот.

Но, поради окупацијата, стотици жители излегоа на улиците носејќи знамиња, по што тој подоцна беше ослободен.

Во Славутич живеат главно работниците потреб ни за одржување на сега веќе офлајн нуклеарната централа Чернобил – место на нуклеарната катастрофа во 1986 година.

 

Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук ја обвини Русија за „неодговорни“ и потенцијално опасни дејствија околу окупираната електрана во Чернобил.

Местото на најтешката нуклеарна несреќа во светот беше заземено набргу откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Верешчук ја обвини Русија за „милитаризација“ на локацијата и транспортирање на старо и лошо одржувано оружје во нејзина близина, што, според неа, може да влијае на одржување на безбедноста околу нејзиниот четврти реактор кој не е во функција.

Таа, исто така, ги обвини руските војници дека ги спречуваат пожарникарите да се справат со големиот број пожари во областа.

„Во контекст на нуклеарната безбедност, неодговорните и непрофесионални постапки на руските војници претставуваат многу сериозна закана не само за Украина, туку и за стотици милиони Европејци – рече таа.

 

 

Back to top button
Close